Ракети со дострел од 2.000 километри се претставени во Иран

Денеска во Иран се пре тставени 30 ракети со номинален дострел од 2.000 километри, што е прво претставување на толкав број ракети со капацитет да допрат до израелски цели.

На годишната парада по повд одбележувањето на годишнината од избивањето на иранско-ирачката војна (1980-1988) претставени се 12 Сеџил и 18 Гадр ракети.

 Во дострел на овие ракети не е само Израел, туку и американските бази во Персискиот залив.

22.09.2013 - 13:18