Во самоубиствен напад во Пешевар загиналe 60 лица

Повеќе од 60 лица се убиени, а над 100 се повредени при самоубиствен напад изведен пред црква во северозападниот пакистански град Пешевар.

Бројот на починатите може да се зголеми, поради тоа што многумина од повредените се нво критична здравствена состојба.

Двајца  самоубијци го активирала експлозивот на себе во моментот кога луѓето излегувале од неделната служба во црквата, во квартот Кохати гејт. Меѓу загинатите има жени и деца. Во моментот на нападот во црквата имало околу 600 лица.

 

Ова е еден од најкрвавите напади во Пакистан против христијаните, кои претставуваат пет проценти од населението.

22.09.2013 - 13:07

најчитано сега