Франција: Пронајдени 1,3 тони кокаин во авион

Во авион на француската национална авиокомпанија Ер Франс, кој од главниот град на Венецуела - Каракас долета во Париз, пронајдени и запленети се 1,3 тони кокаин.

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс изјави дека ова е најголемото количество дрога кое е некогаш запленето во еден авион кој дошол во Франција. Тој дополни дека операцијата е резултат на соработката со британските, холандските и шпанските власти.

 

Неколку лица се уапсени при операцијата, но францускиот министер одби да соопшти детали.

22.09.2013 - 12:09

најчитано сега