Блекбери ќе отпушти 4.500 вработени

Поради финансиска загуба која од 930 милиони долари во второто тромесечје се искачи на 960 милиони долари, Блекбери ќе поделат 4.500 откази.

Отпуштањето на речиси 35 отсто од работната сила потврдено е два дена откако Вол Стрит Џурнал најави драстични промени во компанијата. Последиците од лошото работење дојдоа на наплата со кусо запирање на тргувањето со акциите на компанијата. Непосредно пред стопирањето на продажбата секоја акција вредеше 10,75 долари, односно дури 90 проценти помалку отколку пред пет години или 48 отсто помалку отколку пред само една година. По продолжувањето на тргувањето, акциите забележаа дополнително опаѓање од 21 процент.

 

Покрај загубата, која во второто тромесечје е три пати поголема од очекувана, не се одвиваше според планот и предвидената испорака на паметни телефони, па така испорачани се вкупно 5,9 милиони.

22.09.2013 - 10:36

најчитано сега