Започнаа парламентарните избори во Германија

Денес во осум часот наутро во Германија започнаа изборите на кои се повикани речиси 62 милиони Германци со право на глас да ја дадат довербата на една од 34 партии и 4.451 изборен кандидат.

Околу 80.000 изборни места во 299 окрузи ќе бидат отворени до 18 часот, а набрзо потоа можат да се очекуваат првичните резултати од гласањето за 18. состав на Бундестагот.

Аналитичари и политиколози наведуваат дека оној кој сака да победи во Берлин ќе мора на своја страна да ги привлече мигрантите чие влијание се повеќе расте.

Германија има сложен изборен систем мешавина на пропорцијален и мнозински во кој секој бирач има два глас - со првиот бира политичка избор за т.н. директни мандати во Бундестагот, а со другиот глас дава поддршка за партија.

 

Во Германија според Уставот од 1949 година ниту претседателот ниту канцеларот не се избираат со директно гласање на граѓаните туку само во Бундестагот или во Сојузното Собрание. Според анкетите десноцентристичката коалиција на германската канцеларка Ангела Меркел и левата опозиција имаат еднаква поддршка во јавноста.

22.09.2013 - 10:18

најчитано сега