ФОТО: Се е подготвено за утрешниот Појадок на мост во Скопје
Град Скопје по четврти пат, во соработка со средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“, го организира настанот „Појадок на мост” што ќе се одржи на Камениот мост и мостот Око, утре од 9 до 11 часот.
Влезот за Манифестацијата и на двата моста ќе биде единствено од страната на плоштадот Македонија, а граѓаните мора да го понесат со себе и бесплатниот билет.
На настанот, ќе се обрати и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.