Лазаров: Вардар добро не отрезни

За победа не е доволно само да се излезе со звучни имиња, туку треба да се одигра максимално во текот на сите 60 минути, рече капитенот на македонската ракометна репрзентација Кире Лазаров на прес-конференцијата по дуелот со Вардар.

- Знаевме дека не очекува тешка работа. Имавме добиен меч, но се опуштивме. Направивме многу грешки, а Вардар беше одличен, одигра компактно. Се работи за извонреден тим. Вечерва се докажа дека само со имиња не се добиват натпревари. Резултатот е причина за добро отрезнување. Знаеме што не чека понатааму и треба максимално да се бориме до крај, изјави Лазаров.

Импресиониран од атмосферата во „Борис Трајковски“ беше гостинскиот тренер Хави Паскал.

- Тешко е да се игра во атмосфера како овде. Знаевме дека ќе биде тешко во Скопје. Имавме подеми и падови. Нашето вистинско лице го покажавме во втората половина на првиот дел и во првите 15 минути од второто полувреме. Другиот дел одигравме лошо и во одбрана и во напад. Но, треба да се каже дека не се работи само за Барселона, туку треба да се потенцира и Вардар кој има многу квалитетен состав, изјави Паскал

21.09.2013 - 21:06

најчитано сега