Цеца мора да носи апарат кој ја снима работата на срцето

После веста дека фолк дивата Светлана Ражнатовиќ е примена во Клиничко- болничкиот центар на Дедиње, српските медуими пишуваат дека пејачката ќе мора да носи холтер односно апарат кој ја снима работата на срцето.

„Цеца беше примена во четвртокот нешто по 11 часот. Беше исцрпена и се жалеше на слабост и омалаксаност. Имаше и силна аритмија. После деталните прегледи , лекарите открија дека постои за сомнеж за срцеви тешкотии. За почеток таа ќе мора да носи холтер за да можат прецизно да утврдат која е причината за нејзината лоша здравствена состојба“, изјавил извор за српски Курир.

 

Лекарите и советувале да избегнува стресни ситуации и атмосфера која може да предизвика напнатост. 

21.09.2013 - 15:44

најчитано сега