САД случајно испуштиле атомски бомби врз Северна Кореја

Американска атомска бомба за малку ќе експлодирала во 1961 година над Северна Каролина, а нејзината разорна моќ била 260 пати посилна од експлозијата која ја уништи Хирошима, објави британскиот весник „Гардиан“, повикувајќи се на таен документ.

На основа на законот за слободен пристап до информации новинарот, Ерик Шлосер дошол до документ кој содржи доказ дека САД за влакно избегнале катастрофа од огромни размери кога две хидрогенски бомби „марк“ случајно се испуштени над Голдсборо во Северна Каролина на 23 јануари во 1961 година.

 

Документ сведочи дека една од двете бомби се „однесувала" токму онака како што се „однесува" нуклеарното оружје во време на војна, со падобран кој се отвора и со покренат механизам за детонација. Само е еден нисковолтен прекинувач ја спречил катаклизмата. Доколку би дошло до експлозија, бомбата предизвикала големи штети на Вашингтон, Балтимор, Филаделфија и над Њујорк.

21.09.2013 - 15:32