Ја избодела другарка си до смрт бидејќи не и била интересна

17-годишна девојка од Пенсилванија е обвинета за убиство на најдобрата другарка.

Шелија Еди го планирала убиството заедно со Рејчел Шоаф, откако двете девојки ја убедиле жртвата Скајлер Нис да излезе од дома и да замине со нив, за на крај до смрт да ја избодат.

Потоа тие го фрлиле телото во шумата на границата на Пенсилванија и го покриле со земја и гранки. Се очекува мотивот за ѕверското убиство да биде објавен наскоро. За време на судењето во вторникот семејството на жртвата за прв пат ја виделе Еди во живо. Во меѓувреме нејзината соучесничка, Шоаф ја призна вината за убиство од втор степен и очекува да ја слушне пресудата.

Телото на жртвата било откриено 6 месеци после убиството. Во моментов Еди негира дека е виновна.

Тинејџерката  го негира обвинението и се изјаснува за невина пред судот за убиство од прв степен.

20.09.2013 - 14:28
Фото: 
А1.он

најчитано сега