Путин: Употребата на хемиско оружје во Сирија е мамка

Русија ги има сите основи да смета дека употребата на хемиско оружје во Сирија е мамка и смислена провокација, изјави  рускиот претседателот Владимир Путин.

Путин во своето обраќање пред учесниците на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај", провокацијата ја оцени како примитивна, според техниката на извршување. Тој, тоа го образложи со фактот дека во хемискиот напад крај Дамаск на 21 август била употребена стара советска ракета, која одамна не е дел од вооружувањето на сириската армија. Зошто инспекторите на ОН не ги испитале претходните случаи на употреба на хемиско оружје во Сирија, праша Путин во своето обраќање.

Путин го осуди хемискиот напад од 21 август како безусловно злосторство и повика да се утврдат неговите извршители.

- Однесувањето на сирискиот режим дава доверба дека тој ќе ја исполни својата обврска да го уништи својот хемиски арсенал, рече Путин.

На крајот рускиот претседател, призна дека не може да е 100 отсто сигурен во тоа.

20.09.2013 - 14:24

најчитано сега