ВИДЕО: Се роди бебе со две предни забчиња

Една Американка по име Вики Грифитс е новопечена мајка, која се шокирала кога и го донеле нејзиното бебе за да го земе во прегратка. Верувале или не, бебето кое се родило сосема здраво и нормално имало две предни забчиња!

Малата Ева не ја шокирала само својата мајка, туку и лекарите, сестрите и бабиците кои ја породувале нејзината мајка. 

- Долго ја држеше устата затворена, па затоа покасно видевме дека има забчиња. Јас планирав да ја дојам малата, но кога ги видов забите се откажав, вели мајката.

Забчињата на бебето биле веднаш отстранети бидејќи ако се откачат посто може да се случи трагедија, бидејќи бебето може да се загуши.

20.09.2013 - 14:12

најчитано сега