СДСМ: Стевчо Јакимовски ги лаже граѓаните - еве неколку факти кои зборуваат за неговата бесрамност

Стевчо Јакимовски е човек кој очигледно нема ни трошка срам. Тој се обидува да ги замагли аргументите и доказите на советничката група на СДСМ на вчерашната прес конференција.

Градоначалникот Јакимовски даде изјава дека не е точно дека има нови партиски вработувања во администрацијата на општината.

 

Еве ги фактите, а граѓаните на општината нека проценат кој ја зборува вистината.

 

300 илјади евра, пари на граѓаните во последниве 2 месеца се потрошени за нови времени вработувања во општина Карпош. Факт!

Во општината има над 250 лица вработени со договор за работа. Факт!

 

За доекипирање на администрацијата, Јакимовски потрошил околу 300 илјади евра!

 

Во однос на програмите за екскурзии на училиштата, фактите говорат:

 

Во програмите на 10 основни училишта во општината што ќе се реализираат  во 2013/2014, децидно се наведува дека изворите на финансиски средства за нивна реализација, средствата за екскурзиите ќе ги обезбедат родителите на учениците! Факт!

 

Градоначалникот вети многу работи и за многу работи ги излажа граѓаните.

 

Почитувани граѓани на Карпош,

 

Должни сме да Ви ја кажеме вистината! 

(Интегрален текст од писмена реакција на СДСМ на вчерашната изјава на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски)

20.09.2013 - 12:59

најчитано сега