Уште еден пресврт во Сирија: Бунтовници се согласија да ги прекинат меѓусебните борби

По неколкудневни борби денеска слободната сирска армија и организацијата Исламистичка држава Ирак и Сирија се согласија за прекин на огнот во градот Азаз.

Со договорот постигнат во близината на турско-сириската армија двете страни прифатија да извршат размена на заробениците и да го вратат имотот што едни од други го имаат одземено.

Засега не е познато дали договорот за прекин на огнот се однесува само на борбите во Азаз или пак на вооружените пресметки меѓу овие две ривалски групи во редовите на сириските бунтовници и на сите другите меѓусебни пресметки што се водат на територијата на Сирија.

 

20.09.2013 - 12:55
Фото: 
Дојче Веле

најчитано сега