Патувале цели 32 часа - нервозни патници демолирале воз

Воз со 270 патници на релација Белград-Бар патувал од понеделникот до средата цели 32 часа.Од нервоза патниците почнале да ги кршат вратите од кабините , а добиле храна и вода по цели 13 часа.

Како што пишува Блиц, возот прв пат застанал во Барајево, на 27 километри од Белград. Таму чекале околу седум часа и никој не им објаснил што се случува. Во шест часот наутро возот повторно почнал да се движи кон крајната дестинација.

Мирко Јовановиќ еден од патниците во возот на ова патување го прославил и својот роденден. - „Единствена храна што ја добивме беше после 13 часа кај Пријепоље, во тунелот во кој минавме шест часа и тоа мали плескавици и по половина литар вода“, објаснува тој.

Дел од патниците кои имале неодложни обврски биле принудени да се симнат од возот и да се снаоѓаат со други превозни средства. Еден од нив е и Јован Б. од Белград кој требало да стигне на погребот на баба му во Црна Гора. По долгата пауза во Барајево решил да се симне во Ужице и со автомобил да стигне до Подгорица.

Имало и уште една непредвидна ситуација на возот. Гром удрил во пругата и ја стопил шината и ги запалил праговите. Потребни биле седум часа за пругата да се санира и возот да тргне.

 Одговорните од Српски железници вчера им се извинила на патниците и најавиле дека ќе испитаат кој е одговорен за овој инцидент. На патниците им било кажано дека парите ќе им бидат вратени.

20.09.2013 - 12:49
Фото: 
Денешен

најчитано сега