Уште едно обвинение против Иво Санадер

Денеска жупанскиот суд во Загреб потврди уште едно обвинение, против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, за злопутреба на службената положба.

Во обвинението протв Сабадер стои дека тој заедно со поранешниот сопственик на „Диоки групата“, Роберт Јежиќ во 2008 година го поттикнувал тогашниот претседател на управата на „Хрватското Електростопанство“ (ХЕП), Иван Мравак да им исплати заем од 15 милиони куни на фирмите на Јежиќ и да им продава струја по цена пониска од пазарната.

Ова обвинение е петто по ред обвинение за поранешниот хрватски премиер, кое го потврди судот.

Претходно во загребскиот суд пристигна и шесто обвинение против поранешниот хрватски премиер за направена штета на ХЕП од 650 милиони куни, бидејќи барал од Мравак на компаниите ТЛМ од Шибеник и „Алуминиј“ од Мостар да им продаде струја по повласетна цена.

Мравак, кој ја издржува казната во Липовица бил единствениот кој се појавил на рочиштето, додека пак на судското рочиште не биле присутни Санадер, кој се наоѓа во затворот во Реметинац, како и Јежиќ, кој своето отсуство го оправда со здравствени причини.

- Судот го потврди обвинението и покрај тоа што двајцата обвинети не беа присутни, што е можно според Законот за кривична постапка, додека пак Мравак призна дел под вината и ја прифати одговорноста, изјави по рочиштето Бранко Шериќ, адвокатот на Мравак.

20.09.2013 - 11:12
Фото: 
Журнал.мк

најчитано сега