Златна рипка 21 месец живеела без храна,свежа вода и светлина

Златна рипка преживеала 21 месец без храна, свежа вода и светлина, откако избил пожар на еден имот во Есекс и го затрупал езерцето со риби.

 Пожарот избил во 2011 година, и се верувало дека сите риби се извадени од езерото, но како што ја нарекуваат „жилавата“ златна останала затрупана. Сепак таа успеала да преживее речиси две години. Бери Елриџ, шеф на градилиштето, раскажа дека случајно ја открил рипката кога ја завршувале поправката на куќата. Рипката  е пронајдена без гребнатинка и болест.

20.09.2013 - 11:08
Фото: 
ilike.mk