Холивудската убавица Анџелина Џоли ќе си го ризикува животот за уште едно дете

Актерката Анџелина Џоли сака уште едено дете, иако со тоа ќе се изложи на огромен ризик. Таа уште од почетокот на годината имаше сериозна операција , и лекарите и кажале дека постои огромна шанса да добие рак на дојката, или рак на јајниците. Анџелина одлучи да ја отстрани дојката, а сега би требало да ги отстрани и јајниците.

Меѓутоа, Анџелина ќе отиде на уште една операција бидејќи сака да има уште едно биолошко дете со Бред Пит.Тие двајца веќе имаат шест деца од кои дел се нивни, а дел се посвоени.

- „Мислам дека Анџелина во наредните неколку години ќе има уште неколку деца и затоа оди на операција за отсранување на јајниците. Но се надевам дека нема уште долго да ја одложува операцијата бидејќи не би сакала нејзините деца да останат без мајка“, вели извор близок на Џоли.

 Лекарите исто така ја советуваа Анџелина да ја прифати операцијата што побрзо, а каква одлука таа ќе донесе, останува да видиме.

20.09.2013 - 10:35

најчитано сега