Неочекуван пресврт во Сирија: Владата на Асад бара примирје!

 

Потпретседателот на Владата на Сирија, Кадри Џамил, во интервју за Гардијан изјави дека конфликтот во Сирија е во пат-позиција и  ниту една страна не е доволно силна да победи, па поради тоа, Владата на Асад ќе предложи склучување примирје на конференција во Женева.

Тоа е првпат властите во Сирија да се согласат да учествуваат на конференција за која САД и Русија лобираат веќе со месеци.

– Според Асад, сириската економија има штети од околу 100 милијарди долари што е колку и двегодишно производство во таа држава во нормални услови.

Условот за примирјето е само еден – да бидат од неутрални или пријателски држави. Претставници на опозицијата претходно одбиваа да учествуваат на конференција во Женева освен ако Асад не се повлече.

20.09.2013 - 10:30

најчитано сега