ВИДЕО: Секој ден препливува река за да стигне на работа!

40-годишен учител Абдул Малик  од Индија секој ден препливува река за побрзо да стигне на работа.

Тој 20 години предава во училиште кое е одалечено 15 километри од неговиот дом.

Наместо да патува со градски превоз кој е скап и му одзема три часа, тој се одлучил да го скрати патувањето и да потроши 15 минути до работното место, време одејќи низ река чии води му достигнуваат до грлото.

За да пристигне на работа сув ја става гардеробата во торба која ја држи на високо за да не му се наводени. 

20.09.2013 - 10:02

најчитано сега