Еве кој е најстариот престолонаследник во британската кралска историја

Од денеска британскиот принц Чарлс е најстариот престолонаследник во британската кралска историја,во последните 300 години. Чарлс ке го надмине досегашниот рекорд на принцот Вилијам Четврти кој станал крал во 1830 година,со наполнети 64 години,десет месеци и пет денови.

Тој е првото дете на британската кралица Елизабета и во ноември ќе наполни 65 години. Меѓу другото тој веќе го држи и рекордот како престолонаследник кој најдолго чека да стапи на престолот.

Всушност Чарлс е прв претендент на тронот уште од моментот кога неговата мајка,стана британска кралица,по смрта на нејзиниот татко на 6 февруари 1952 година. Чарлс имаше нешто повеќе од три години кога умре неговиот дедо,кралот Џорџ Шести.Формално,тој беше прогласен за престолоналседник и ја доби титулата принцот од Велс, кога наполни девет години.

Најстариот досега претендент на престолот е Софија од Хановер,која умре во 1714 година,на 83-годишна возраст,неколку месеци пред смрта на кралицата Ана.

Кралицата Елизабета оваа пролет наполни 87 години и таа повеќе од 61 година е на британскиот престол.

Во 2011 година во британската јавност се отвори расправа околу тоа принцот Чарлс да се откаже од тронот во полза на неговиот син Вилијам,за да не случи да биде премногу стар кога ке стане крал.Принцот Вилијам,меѓутоа,самиот ја отфрли таквата можност,тврдејки дека се уште не е подготвен за да седне на престолот по својата баба.

20.09.2013 - 09:40