ВИДЕО: Еве како беше награден бездомникот од Бостон кој врати ранец со 42.000 долари

Овој бездомник од Бостон е само уште еден доказ дека на светот сеуште постојат чесни и хумани луѓе, какви што ретко се наоѓаат. Тој овој викенд пронајде ранец со 42.000 долари, но ја покажа својата човечност и го врати за да спие мирно навечер.

Полицијата го нашла сопственикот, кој сметал дека Џејмс заслужува награда, па за да му се оддолжи направил интернет страница „www.GoFundMe.com“, преку која очекувал со донации да собере околу 50.000 долари, но собрал неверојатни 93.000 долари за бездомникот од Бостон.

- Ме инспирираше неговата приказна. Постојано слушаме негативни вести, а Џејмс на луѓето им влева надеж, им порачува дека не е се лошо и грдо, изјавува сопственикот на ранецот.

20.09.2013 - 09:32

најчитано сега