Бинго девојката Натали ќе докторира

Познатата бинго девојка Натали Грубовиќ е при крај со докторските студии кои ги изучува во соседна Србија, пренесува Вечер. Според информациите на весникот, по докторирањето Натали планира да почне да се посвети на работа во сферата на менаџмент и односи со јавноста и сеуште не знае дали ќе остане во Белград или ќе се врати во Скопје. 

-При крај сум со докторатот. Имам уште неколку испити и сакам да ги завршам што е можно поскоро. Досега се положив со максимум бодови и сакам тој успех да го задржам до крајот на студиите. Понуди за работа имам, дали ќе се вратам во Скопје или ќе останам да живеам во Белград, е една голема дилема која ќе треба, здравје, да ја решам што е можно побрзо, вели Натали за Вечер, додавајќи дека иако Белград и се допаѓа за живот, Скопје е местото каде е израсната и поради таа домашна носталгија честопати се враќа дома. 

 

20.09.2013 - 08:42
Фото: 
vostip.mk

најчитано сега