Падна полицаец од Свети Николе - колегите го фатиле со фалсификат

Полицаец од Свети Николе доби кривична пријава од неговите колеги откако истрагата на внатрешната контрола на полицијата утврдила дека фалсификувал документи, односно внесувал погрешни податоци за да овозможи да се преквалификува настан кој се случил во октомври минатата година, информираат од МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе кривична пријава против И.Б. вработен во Секторот за внатрешни работи Штип поради основано сомнение дека сторил кривично дело "Фалсификување службена исправа" предвидено и казниво по член 361 од КЗ на РМ.

Имено, на 20 октомври минатата година во Полициска станица од страна на граѓанин е пријавен физички напад по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир извршен од страна на четири лица, за што е изготвен записник за примање на пријава. На местото на настанот испратени се двајца полициски службеници кои извршиле разговор со сведоци на настанот, кои го потврдиле физичкиот напад. Изготвените службени материјали биле предадени на пријавениот И.Б. кој во име на полициските службеници изготвил службени материјали во кои внел невистинити податоци и содржина дека лицата вербално се расправале, со што извршил преквалификација на настанот од прекршок во поплака. По наредба на Основното јавно обвинителство Свети Николе извршено е графолошко вештачење, при што е утврдено дека ракописот е идентичен со ракописот на пријавениот, Осомничениот полициски службеник е суспендиран од работното место до завршување на дициплинската постапка.“ – стои во соопштението на МВР.

 

 

 

 

05.09.2018 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега