Трајанов: Граѓаните да излезат на референдум и да гласаат „За“

Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата на која присуствува и претседатели на општинските организации на ДС, донесе одлука за вклучување на Демократскиот сојуз во информативна кампања во врска со претстојниот референдум, закажан за 30 Септември, 2018 година - се вели во соопштението на партијата на Павле Трајанов.
 
„Демократскиот сојуз во рамките на Коалицијата “ЗА“ Европска Македонија, преку непосредни контакти, средби со граѓани, трибини, митинзи, учество во дебати емисии и други активности, граѓаните ќе ги информира за договорот постигнат со Грција и перспективите кои се отвораат со членството во НАТО и Европската Унија.
 
Само со објективно информирање и мирна кампања, граѓаните ќе можат да ги препознаат историските димензии на референдумот и позитивниот исход од истиот.
 
Со влезот во НАТО и ЕУ ќе се јакне унитарниот карактер на државата, внатрешната кохезија, владеење на правото и ќе се создадат услови за подинамичен економски развој.
 
На овој референдум не се гласа за партии, туку се гласа за иднината и перспективите на Македонија, посебно за младите генерации кои треба да создаваат и работат во Македонија.
 
На овој референдум граѓани одлучуваат за Европска Македонија.“
 

 

 

05.09.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега