Предвремени избори во Германија

Една четвртина од германските гласачи веќе го искористиле своето гласачко право, и тоа три дена пред одржувањето на парламентарните избори во Германија.

Во повеќе од  дваесет градови во земјата гласањето преку пошта е попопуларно отколку во 2009 година, кога 21,4 отсто од избирачите ги испратиле гласачките ливчиња пред денот на изборите.

Сепак гласовите кои нема да стигнат до избирачките единици до 18 часот в недела, ќе се сметаат за неважечки. Федералните власти препорачуваат гласачките ливчиња да се испратат најдоцна до денеска за да се гарантира нивно навремено пристигнување.

 Германија го користи гласањето по пошта како алтернатива за избегнување на долгите редови на гласачките места на денот на изборите. Во 2009 година оваа можност ја искористија 9,4 милиони гласачи.Оваа година во Германија се регистрирани 61,8 милиони граѓани со право на глас.

19.09.2013 - 16:32