СДСМ: Македонија е правна држава

Македонија е правна држава во која секој одговара за постапките, правда мора да има, никој не е и нема да биде над законот - велат од СДСМ во писмено соопштение.

„Времето кога се нарачуваа случаи и пресуди, кога се монтираа судски процеси, кога судовите се злоупотребуваа за пресметки со неистомилсеници е завршено.

Денес судството во Македонија е независно, работи по закон и устав.
Македонија е правна држава во која правдата е достапна за сите подеднакво. Никој не е и нема да биде над законите и секој кој постапувал незаконски ќе мора да одговара за своите постапки, согласно законите. Одговороност и правда мора да има!“ - се вели во соопштението.

 

 

 

04.09.2018 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега