Зеќири: Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО

 

Влезот во ЕУ и НАТО е врвен стратешки интерес и обезбедува бројни придобивки и повеќе пари за сите граѓани. Македонија цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО, и мислам дека во најбрз период ќе бидеме дел од тие организации изјави денеска Мухамед Зеќири.

Порача дека по години изолација и неизвесност, Македонија се врати на патот на евроинтеграциите, оти имаме покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

- Со пристапните преговори, а потоа и со членството во ЕУ, се отвораат нови фондови од ЕУ, а постојните ќе се зголемуваат. Денес, нашите пријатели од ЕУ одвојуваат 260.000 евра дневно како поддршка за Македонија. Тоа се 90 милиони евра годишно наменети за земјоделие, инфраструктура, здравство, образование, младински политики. Како што Македонија ќе се доближува до полноправно членство така ќе расте и финансиската поддршка од ЕУ, рече Зеќири.

Во програмата за транспорт, порача тој, ЕУ за Македонија обезбедува поддршка од 15,5 милиони евра годишно за изградба на патишта, пруги, тунели мостови и друга инфраструктура.

- Сета финансиска и институционална поддршка од ЕУ е во насока на развој на државата и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО. Ајде на 30 септември да ја искористиме можност и да излеземе, да заокружиме ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружиме ЗА развој и напредок, да заокружиме ЗА европска Македонија, порача Зеќири.

 

 

 

 

04.09.2018 -16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега