Обид за убиство во Македонија: Сопругот ја бодел со нож по цело тело

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 49-годишниот А.Б. од Тетово поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 01.09.2018 година во 07.55 часот во Полициската станица Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница.

После тоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде и биле констатирани  шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. 

 

 

 

04.09.2018 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега