Хрватска ќе го чува водушниот простор на Црна Гора

Воздушниот простор над Црна Гора ќе го чува хрватското Воено воздухопловство со поддршката на НАТО, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Армијата на Црна Гора, Драган Самарџиќ.

Oва ќе се реализира согласно проектот за заедничка заштита на небото барешено „Мудра одбрана“, кон кој, ќе се приклучат и Босна и Херцеговина и Македонија.

Самарџиќ прецизираше дека во рамки на проектот за заедничка одбрана во регионот во пристаништето во Бар ќе биде поставен радар, а во воздушниот простор на земјата ќе патролираат хрватски авиони. Тој уште додаде дека Владата во Подгорица веќе донела одлука за вклучување во проектот.

Оваа вест предизвика противречни реакции меѓу црногорските воени експерти.

Според претседателот на Сојузот на борците, професор Радан Николиќ, овој чекор е само демонстрација на желбата на владата на Црна Гора што поскоро да се вклучи во НАТО, но дека нема практичка смисла.

Тој посочи дека црногорското Воено воздухопловство има четири борбени авиони „Супер Галеб Г4“, што можат сами да патролираат.

Тој потсети дека слична ситуација имаше и пред неколку години во Словенија, чиј воздушен простор го чуваа италијански авиони, ја чинела 20 до 40 милиони евра годишно.

Засега не е познато каква е улогата на НАТО во плановите за заедничка одбрана. Сепак според црногорските медиуми, на земјите од регионот што ќе се вклучат во проектот, Алијансата ќе им обезбедува финансиска поддршка.

19.09.2013 - 16:05