Останале без бурми на свадба - дресираниот був кој требало да им ги донесе заспал

Еден пар од Велика Британија доживеал вистински шок кога дресираниот був кој требало да им ги донесе бурмите за свадба, заспал и ја расипал церемонијата.

Се работи за Соња Кадмен и Ендру Метли од Велика Британија на кои едногодишниот був Дарси требало да им ги донесе бурмите, но одлеатл на покривот малку да се одмори, па сватовите не можеле да го спуштат цел час од таму.

- Помина еден час додека не донесовме скала и го спуштивме. Пробавме со се но на почетокот не сакаше ни да се помести, изјави свештенокот.

Соња на бувот му ги закачила дупликат бурмите, додека вистинските прстени биле во џебот на Ендру.

- Нам тоа ни беше смешно, а и на гостите, додаде таа. 

19.09.2013 - 15:21