СДСМ: Отворените врати за членство во ЕУ и НАТО носат повеќе пари

Во првото полугодие од годинава забележан е рекорден влез на странски директни инвестиции во Македонија од 327 милиони евра. 

Тоа е за трипати повеќе во однос на истиот период од минатата година. 

Забележан е раст  на извозот од технолошко индустриските развојни зони за 17 отсто во споредба со ланскиот период од првото полугодие. Зголемен е бројот на работници во индустријата за 7,2%. 

Сето ова покажува дека трендот на инвестирање во индустријата во Македонија е со забрзано темпо, економијата е поставена на стабилни основи и Планот за економски раст дава резултати. 

Придобивките од започнатиот процес на интегрирање на земјава во НАТО И ЕУ веќе се чувствуваат. Отворените врати за членство во ЕУ и НАТО и успешните економски политики носат повеќе пари. 

Овие придобивки дополнително ќе се интензивираат со влезот на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, процеси што ја зголемуваат довербата во македонската економија и носат повеќе странски инвестиции и нови работни места. 

Сите граѓани треба да ја искористат историската шанса, да излезат и да заокружат ЗА повисоки плати, ЗА економски раст, да заокружат ЗА европска Македонија со развиена економија.

Центар за комуникации на СДСМ

 

 

 

02.09.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега