Последна недела со летно време: Од идниот понеделник доаѓа есента

 

Наредната недела која доаѓа веројатно ќе биде последната во која ќе имаме вистинско лето, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози.
Според нив, по условите за дестабилизација утре, до крајот на работната недела и за време на викендот ќе имаме топло и тешко време со температури над 30 степени. Во попладневните часови ќе се создаваат услови за локализирани интензивни врнежи од дожд проследени со грмежи.
Со стартот на втората недела од септември уште пред календарскиот датум есента доаѓа во Македонија.
Според прогнозите, облачноста ќе се зголемува а ќе има се почести врнежи. Температурите значително ќе се намалат и во текот на денот ќе достигнуваат до максимални 28 степени а утринските ќе се спуштаат и до 13 степени.
Веќе во последната недела од календарското лето, температури наутро ќе бидат едноцифрени. Дневните ќе се движат малку над 20 степени што значи дека ќе биде потребна и потопла облека.
Практично секој ден ќе има услови за дожд.
Слично време не чека и во последната недела од септември или првата недела од календарската есен.

 

 

 

 

01.09.2018 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега