Новата учебна година стартува со 22 коригирани учебници

Новата учебна година основците од прво, второ и трето  ќе ја стартуваат со нови учебници. 22 учебници за погорните одделенија ќе бидат коригирани. Ова го најави ресорниот министер на три дена пред новата учебна година. Вели грешките се лоцирани и поправени.

Предметите Биологија  за прва година и Етика за трета  во средното образование допрва ќе се корегираат. Од оваа учебна година италијанскиот јазик  се воведува како втор странски јазик и во основно и во средно образование за што министерството обезбедило учебници.

„Можеби и оваа година ќе има мало задоцнување, но барам од вас разбирање, бидејќи секоја година имало задоцнување и барам разбирање бидејќи навистина една огромна значајна активност сме ја спровеле околу корегирањето на учебниците. Но учебници во месец септември ќе има, кога зборуваме за откуп. Кога сме кај печатењето, , како што кажа и директорката, учениците имаат учебници, но и не се баш без и учебници и треба таа постапка да ја спроведеме најекспедитивно и ќе се заокружи и овој процес. “ - изјави Арбер Адеми – министер за образование и наука.

Директорката на педагошката служба, Вања Валева повикувајќи се на измените во Законот за учебници во основното и средното образование иницирани од Владата, а усвоени од Собранието, рече дека се овозможени интервенции на најмногу до 30 отсто од содржината на учебниците.

„Една по иницијатива на педагошката служба со доставување на барање до авторите и издавачите да предложат исправки и доплнувања, и втората самите издавачи да предложат соодветни корекции.“ - изјави Вања Валева – директорка на педагошка служба.

Министерот Адеми најави и дека во тек е процесот за изготвување на нови 31 учебник за стручно образование, а за првпат од оваа учебна година сите учебници што МОН ги обезбедува бесплатно за учениците, истовремено ќе бидат во слободна продажба и тоа со истата цена по која Министерството ги откупува.

 

 

 

31.08.2018 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега