Бошњаковски: Ги почитуваме препорките од Венецијанската комисија

 

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски изјави дека владата целосно ги почитува препораките од Венецијанската комисија во однос на вклученоста на владините претставници во кампањата за престојниот референдум.

– Сите наши активности се поврзани со овој наш државен стратегиски интерес и така е во изминатите 27 години од независноста на Македонија. Одвоивме 400 илјади денари за промоција на бенефитите од влезот во НАТО и ЕУ на социјалните мрежи и тоа ќе го работиме во рамки на тековните активности. Ние немаме Влада којашто немала приоритет и интерес за зачленување на Република Македонија во НАТО и ЕУ–истакна Бошњаковски на прес-конференцијата во Владата.

За потсетување референдумот ќе се одржи на 30 септември годинава, а Владата на чело со премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува својата кампања под името „Заедно за европска Македонија“.

 

 

 

 

31.08.2018- 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега