Вестервеле бара одговорните за нападот со хемиско оружје кај Дамсак да бидат изведени пред суд

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска побара одговорните за нападот со хемиско оружје кај Дамсак на 21 август, да бидат изведени пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Тој потенцира дека според оценките на германската Влада, зад нападот, во кој загинаа неколку стотици лица, стои режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Фактите јасно покажуваат дека одговорност за овој чин паѓа врз режимот на Асад“, нагласи шефот на германската дипломатија.

Велика Британија, САД и Франција исто така тврдат дека нападот со хемиско оружје од 21 август е дело на силите лојални на сирискиот претседател.

Меѓу другото Вестервеле најави и дека Берлин ќе и додели 10 милиоин евра на Организацијата за забрана на хемиското оружје, како германска помош во напорите за уништување на хемискиот арсенал на Сирија.

18.09.2013 - 16:44

најчитано сега