Коперфилд е сопственик на 11 острови

Илузионистот Дејвид Коперфилд се прослави со тоа што направи Статуата на слободата да исчезне, а помина и преку Кинескиот ѕид, одлучи да заработува и на туризам. После една година медиумски молк, неодамна купи 11 бахамски острови од кои направил луксузен ресорт.

Островите ги платил повеќе од  68 милиони евра. Ноќевање во луксузните летувалишта на Коперфилд чини 28 илјади евра, а во неговите раскошни вили веќе уживале водителката Опра Винфри , Бил Гејтс  и Џон Траволта.

 На госите за ниту во еден момент да не им биде здодевно, сопственикот се погрижил така што направил кино кое се „создава“ на плажа и исто така исчезнува.

Исто така, се нудат разни шпионски игри, инспирирани од Џејмс Бонд, а богатите гости можат да спијат во посебно наместени соби во шума или во скриено село до кое се доаѓа со подземни тунели.

Коперфилд кој има повеќе од 30 години кариера, се повеќе се збогатува. Ова лето потпиша нов тригодишен договор со хотелите МГМ Гранд во Лас Вегас. Неговите илузионистички претстави во Градот на комарот распродадени се веќе 13 години по ред. Настапувал до сега околу 600 пати. Заработил и на филмот „Мајстори на илузијата“ каде на филмашите им помогнал со триковите.

18.09.2013 - 16:16

најчитано сега