Северина немала секс две години

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ долго глумеле дека се вљубени и пресреќни заедно, но изгледа дека нивната страст згаснала пред да раскинат на почетокот на август годинава.

Близок пријател на хрватската пејачка Северина тврди дека нивната љубовна приказна со Милан е само измама за јавноста. Тие биле заедно помалку од шест месеци, но никогаш не живееле заедно.

Како што пишува српскиот весник „Informer“ тие последен пат воделе љубов пред две години кога го направиле и нивниот син Александар.

 - „Тоа била нивната последна заедничка ноќ. Целата нивна подоцнежна љубовна приказна е само за измама на јавноста, поточно, обид на Северина да извлече што повеќе пари од Милан за бебето и трудот на Милан да ја сокрите вистината од јавноста за таа да не му прави проблеми“, вели извор близок на некогашната двојка, додавајќи дека таа инсистирала да се омажи по само 15 дена врска.

18.09.2013 - 15:21

најчитано сега