Се подготвувал атентат врз турскиот премиер Ердоган

Турските медиуми изнесоа информации дека казнена воена група од 15 лица кои дејствувале под тајно име „Лодос“, подолг период подготвувала атентат врз турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган.

Акцијата требало да се реализира за време на посетата на премиерот во округот Хатај по бомбашкиот напад во мај оваа година, но наводно поради несогласувања во групата, планираниот напад врз Ердоган бил одложен.

Весникот „Туркие“ тврди дека групата „Лодос“ е се уште активна и дека „чека поволен момент за да го изврши атентатот“.

Сепак, Ердоган не е единствениот кој е на мета на групата, бидејќи тие спремале атентат и врз јавниот обвинител на Турција, Мустафа Билгили и неговото семејство.

18.09.2013 - 15:16
Фото: 
Дневник