Економската криза го зголеми бројот на самоубиства

Глобалната економска и финансиска криза го зголеми бројот на самоубиствата во Европа и Америка, покажува истражувањето објавенo во специјализираното британско списание „Медикал Џурнал“.

Во ова испитување биле вклучени вкупно 54 земји кои беа погодени од глобалната финансиска криза, до која дојде по колапсот на кредитниот и станбениот пазар во САД во 2008 година.

Во 2009 година, кога беше регистриран раст на нвработеноста од 37 отсто и пад на бруто домашниот производ од три отсто на глобално ниво, забележан е натамошен раст на самоубиствата.

Во Европа, пораст на самоубистата има кај младите меѓу 15 и 24 години, додека во Америка забележителен скок на бројот на самоубијци е регистриран кај мажите на возраст меѓу 45 и 64 години.

 

18.09.2013 - 15:12
Фото: 
правда.рс

најчитано сега