Сакал да стане актер и да има свое шоу - ѕирнете во тајниот дневник на Мајкл Џексон

Дневникот на Мајкл Џексон е ставен на јавен увид во судскиот спор што го води неговото семејство со организаторите на концерти АЕГ.

Во него пејачот пишува дека негова најголема желба била да успее и како актер, и така да остане запаметен. Тој сметал дека доколку не успее во тоа, многу брзо ќе падне во заборав.

Во дневникот, Џексон има запишано и за тоа колку многу зависи од неговиот личен доктор Конард Муреј кој е обвинет за убиство од небрежност, и неговата зависност од лековите за спречување на несоницата кој му ги препишуваше.

Меѓу големите амбиции му била и таа да има свое шоу кое ќе биде продуцирано од продуценти од Бродвеј. А, интересно е е тоа што сакал да има и свое производство на сокови и колачи.

 Сето ова го напишал само неколку месеци пред да почине на 25 јуни, 2009 година. За жал ништо не се оствари поради неговата прерана смрт.

18.09.2013 - 14:35

најчитано сега