Филипче: Тендерот уште не е доделен

 

Министерството за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавноста се уште не го добила тендерот за набавка на реагенси на јавните здравствени установи, соопшти денеска на прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

Концептот на централизација на медицинските лаборатории ќе има голем бенефит за македонските граѓани и е проект во насока на европски модел кон кој се стремиме со цел реформирање на здравствениот систем и приближување кон модерните европски трендови, вели тој додавајќи дека до крајниот рок за поднесување понуди за тендерот пристигнала само една понуда.

- „Во моментот постапката е во фаза на евалуација и се уште не е ниту стигнато до електронска аукција. Од причини што станува збор за тригодишна јавна набавка за тестови и реагенси за хемиски имунолошки, хематолошки и коагулациони анализи и проценетата вредност за истата е висока, но заштедата за буџетот на граѓаните е голема. Доколку не постигнеме заштеда тендерот ќе биде поништен. Целиот процес беше транспарентен и отворен за јавноста а на јавното отворање беа присутни претставници од граѓанскиот сектор и надворешни претставници на компаниите“, рече Филипче.

Додава и дека внимателн осе слушаат забелешките, но периодов се чуле и многу невистини.

 

 

 

22.07.2018 - 15:36
Фото: 
фејсбук

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега