ВИДЕО: „Комити“ му посветија кореографија на Саздо
Навивачката група „Комити“ на фудбалскиот клуб Вардар, денеска на натпреварот со Пјуник му посветија кореографија на Никола Саздовски – Саздо, навивач кој им подлегна на повредите откако брутално беше претепан од тројца напаѓачи на автобуска постојка во Автокоманда.
Паролата на кореографијата беше „Крвта моја за бојата твоја“.
Комитите неколку пати досега протестираа во Скопје барајќи правда за убиството на Саздо.
19.07.2018 - 19:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа