Претепаното 14-месечно бебе не било ниту вакцинирано - нови детали

 

Инспектори од државниот здравствен и санитарен инспекторат извршиле вонреден инспекциски надозр кај матичниот лекар на 14-месечното бебе, кое брутално претепано беше однесено на КАРИЛ, а сѐ уште се наоѓа во скоопските клини, објави Фокус.

Здравствените инспектори констатирале дека детето пет пати било носено на преглед кај матичен лекар изминатите неколку месеци од кои последниот пат на 4 април, а претходно во февруари. Сите посети, се во однос на горно респираторна инфекција, дадена е потребна терапија и детето не е однесено на контролен преглед.

Исто така, извршен е инспекциски надзор во вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Јане Сандански“ каде е лоцирана и матичната докторка на детето. Од евиденцијата во здравствениот пункт констатирано е дека дете со такви генералии не се наоѓа во нивната архива, односно не е воопшто вакцинирано.

 

 

 

18.07.2018 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега