Тажна вест: Почина професор Живко Мадевски

Во Скопје почина Живко Мадевски, еден од првите професори на Природно-математички факултет на УКИМ, негов декан и иницијатор за формирањето на студии по информатика. Тој изведувал наставата по теориска ме­ха­ника, ана­литичка геометрија, линеарна алгебра, а повремено гостувал како нас­тав­ник на Фармацевтскиот, Економскиот и други факултети во Скопје.  Бил извон­реден методичар, дидак­тичар, педагок, автор или коавтор на повеќе (околу петнаесет) учебници за сите три степени на образование.

Добитник е на престижната награда Св. Климент Охридски.

Како Претседател на Асоцијацијата на математичари Проф. Мадевски посебно се грижел за напредокот на талетираните во оваа научна дисциплина, како и развивањето афинитети кон новите информатички науки. Меѓу наставниците и студентите важел за исклучително толерантен и грижлив колега.

Погребот на проф. Живко Мадевски е во среда на градските гробишта во Скопје.

 

 

 

10.07.2018 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега