Тажната судбина на младиот тренер: Како мал останал без родители, сакал да стане монах, но сепак се посветил на децата (фото)

Главниот тренер на тајландскиот фудбалски тим го поминал утрото на 23 јуни припремајќи го својот млад асистент  за важна задача: сам да води сметка за децата.

Нопарат Кантавонг, 37- годишен тренер на фубалскиот тренер Му Па имал закажано состанок тоа утро. Акапол Чантавонг, негов асистент, требало да ги одведе младите момчиња на тренинг до фудбалското игралиште кое се наожа на планината.

„Погрижи се да возиш со велосипшедот позади нив за да ги држиш на око“ му напишал  и порака на Фејсбук.

„Внимавај“ додал тој.

Напорите за извлекување на момчињата вклучуваат тим од илјадници нуркачи, инженери, воен персонал и волонтери од целиот свет, вклучувајќи го и Илон Маск, милионер кој изградил подморници за спасување на момчињата.

Многумина го обвинуваат тренерот  велејќи дека требал да знае дека е ризично да влегува во пештера пред сезона на монсуните.

Тој пред три години се откажал од животот како монах и се придружил на тимот како помошник тренер, па многумина веруваат дека божја сила го испратила да ги чува децата додека минуваат низ овој тежокк период.

Спрема официјалните соопштенија, тој бил најстабилен во групата, и им давал храна на децата и ги учел фда медитираат за да ја сочуваат колку што можат повеќе енергијата додека да ги пронајдат.

„Да не бил со нив што би се случило на моето дете? рекла една од мајките.

„Кога ќе излезе мора да го излечиме неговото срце, Драг Ак никогаш не би те обвиниле“, рекла друга.

Акапол го изгубил семејството уште како дете. После оваа трагедија заминал во самостан, но сепак се вратил и на крајот целиот свој живот го посветил на тренирањето деца.

Ги сакал децата и ги мотивирал да тренираат, а за секоја добра оценка во училиште им давал награда, фудбалска опрема.

 

 

 

09.07.2018 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега