Три брзи вежби со кои ќе ги подигнете и зацврстите градите

За само петнаесет минути и тоа дома можете да ги подигнете и зацврстите градите.

 Градите се главно масни ткива, и ако сакате да изгледаат поголеми и поцврсти, потребно е да ги зајакнете мускулите под градите.

Притискање на дланките

Спојте ги дланките во висина на градите и кренете ги лактите. Силно притиснете ги дланкитеа,и останете во таа позиција неколку секунди и опуштете ги мускулите неколку секунди. Повторете ја постапката во 10 повторувачки серии.

Испреплетени прсти

Оваа вежба е спротивна на претходната и го има истиот ефект врз мускулите.

 Спојте ги рацете пред градите и кренете ги лактите високо. Влечете ги рацете на секоја страна, па останете неколку секунди во таа положба, потоа релаксирајте ги мускулите. Вежбата, исто така, треба да се повтори во серија од 10 повторувања.

Туркање

Поставете ги двете дланки на ѕидот со благо свиткани колена. Постепено почнувате да го притискате ѕидот со напорот што можете да го издржите неколку секунди во иста положба. Потоа опуштете ги мускулите и повторете ја постапката во 10 повторувања.

 

 

 

04.07.2018 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега