ЦИА знаела дека Југославија ќе се распадне, а сега предвидува крај на ЕУ

ЦИА и американската невладина организација Стратфор прогнозираат распад на денешната ЕУ на неколку групи - стара Европа, нова Европа, која ќе биде свртена кон САД, и сојуз на православни земји.

Западниот блок и стара Европа ќе го сочинуваат Франција, Германија, Велика Британија, Австрија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка и Финска. 

Нова Европа ќе ја сочинуваат Литванија, Естонија, земјите од Вишеградската група, Словенија, а овој блок би се наоѓал под германски економски и американски воен патронат.

Третиот блок би претставувал балканска конфедерација која би ја сочинувале православни држави - Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Грција. На овој блок би припаднале и БиХ и Албанија

Многу експерти истакнуваат дека ова предвидување треба да се сфати сериозно и потсетуваат дека ЦИА кон средината на 80-тите години од минатиот век најавила распад на тогашната СФРЈ.

Слични предвидувања изнесува и американската невладина организација Стратфор.

Во оваа невладина организација сметаат дека ЕУ наскоро ќе се распадне на два дела: побогатиот Запад и група од мали земји во Централна Европа, кои воено ќе се завртат кон САД.

И тие предвидуваат создавање на православна унија - Византија. За тој сојуз, како што наведуваат, основата на формирањето ќе бидат - парите.

Геополитичките експерти се согласни дека дошло време на повеќе блоковски системи, со неколку центри на моќ, и дека САД и НАТо повеќе нема да имаат главна улога на светската сцена.

Распадот на ЕУ најмногу ќе им одговара на САД и РУсија, наведуваат некои портали за политичка аналитика.

"Брегзит" и доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД многумина го гледаат како јасно забрзување на предвидениот распад на ЕУ.

 

 

 

 

 

04.07.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега