Познатиот пар веќе не е заедно- згасна уште една голема љубов

Поранешната пејачка и членка на групата Спасјс грлс, Викторија Бекам, денес е успешна деловна жена со многу обврски и малку сободно време. Раководи со своето модно царство, се грижи а децата, а и одржувањето на имиџот бара многу труд и време.

-Се трудам, многу се трудам, изјави таа неодамна на Форбсовиот самит за жени.

-Настојувам да бидам најдобра мајка, настојувам да бидам и најдобра сопруга и да бидам професионална во работата, Кога ќе стигнам дома, се обидувам да го исклучам мобилниот и да поминам што е можно повеќе време со децата и со Дејвид, објаснува Викторија.

Сепак, магазинот „Ин тач викли“ пишува дека Викторија Бекам и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам имаат голем проблем со одржувањето на бракот.

 

-Викторија и Дејвид не живеат заедно, изјавил извор близок на семејството за магазинот, а тоа го потврдил уште еден извор близок на Бекамови, кој додал дека не би бил изненаден Дејвид и Викторија наскоро да се рзведат.

-Далеку дотуркаа заедно,но се гледа дека не им оди. 

И навистина, констатира магазинот, во последно време се често разделени.

Дејвид е во Лос Анџелес, а доста време поминува и во Мајами, каде што води фудбалски клуб, а Викторија претпочита да престојува во Обединетото Кралство.

Поради стресот таа е мрзоволна, а Дејвид се обидува да помине колку што е можно повеќе време надвор од дома.

 

-Двајцата живеат во несреќен брак, открил изворот, кој додава дека кога се заедно Викторија и Дејвид постојано се караат. Викторија се труди на семејните фотографии на социјалните мрежи да изгледаат совршено, но тоа е далеку од вистината. 

За овие 20 години Викторија и Дејвид направија бренд од името Бекам, чија вредност се приценува на повеќе милиони долари, а имаат и статус на глобално моќен пар. Секако, во случај на развод , сево ова би отишло во ветар. Меѓу нивното царство и децата кои и двајцата ги обожаваат има многу што е на коцка, па не би било изненадувачки ако останат заедно и покрај проблемите.

 

На 4 јули би требало да прослават 19 години брак, а портпаролот на семејството изјавил дека наводните проблеми во бракот на Бекамови се измислица.

Извор: Република.

 

 

 

01.07.2018 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега