Приврзаници на Златна Зора нападнаа членови на Комунистичката партија - осум лица завршија во болница

Група приврзаници и членови на Златна зора, синоќа пред полноќ нападнаа членови на Комунистичката партија кои лепеле плакати во градот Перама близу Пиреја, пишува Катимерини. По нападот осум членови на Комунистичката партија се хоспитализирани и се задржани на лекување.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил пред полноќ кога група од околу 50 вооружени луѓе со метални шипки нападнале околу 30 приврзаници на Комунистичката партија, соопштуваат од полицијата.

Припадниците на Комунистичката партија остро го осудија нападот и ги повика сиромашните и невработени Грци да ги „изолираат фашистичките хулигани“

- „Нападот го потврдува нацистичкиот карактер на Златна зора, се вели во соопштението од Комунистичката партија.

13.09.2013 - 15:27
Фото: 
Евести

најчитано сега